Овоштарство во Македонија

Print

     Овоштарството во Македонија е добро развиена гранка на земјоделството, која е ангажирана во производство, одгледување, заштита и продажба на овошје. Целта е да се добие добар квалитет на овошје со ниски трошоци за производство. За добар квалитет потребни се агро-еколошки услови за производство на овошје: климата, почвата и локација.

   За нашите климацки услови поважни се овошните видови кои припаѓаат на 9 фамилии и тоа: Rosaceae, Juglandaceae, Betulaceae, Fagaceae, Rutaceae, Oleaceae, Moraceae, Punicaceae, Saxifragaceae. Подготовка на почва се заснова на: избор на теренот, анализа на почвата и ѓубрива, дизајнот на овоштарниците и снабдување на квалитетни садници на овошни дрвја. За теренот да биде среден потребна е обработка на почвата, заштита од временски неприлики, наводнување и опрашување. Сето ова да оди полесно потребна е механизација за обработка, средста за заштита на овошките, рачен алат за обработка, опрема за берење и складирање.


Еколошко - помолошка класификација

  1. Континентално овошjе
  2. Суптропско овошје
  3. Тропско овошје

 

     Поради климацките услови во нашата република успева само континенталното овошје. Ова овошје се дели на 4 подруги: Јаболчесто овошје, Коскесто овошје, Јаткасто овошје и Јагодесто овошје.

1. Јаболчесто овошје (подфамилија Pomoidaeae)

     Во оваа група на овошја спаѓаат сите видови кои имаат градба на плодот како јаболка. Овие плодови се формираат од 5 кожести плодници и од хипертрофирана цутна ложа. Бидејќи има поголем број на семки овој вид на овошје се нарекува и како семкасто. Тука спаѓаат: Јаболко (Malus), Круша (Pyrus), Дуња (Cydonia), Мушмула (Mespilus), Оскоруша (Sorbus), Аронија (Aronia) и Глог (Crataegus).

 karakteristiki na krusa karakteristiki na jabolko   karakteristika na dunja  karakteristiki na aronija  karakteristiki na musmula
Крушка Јаболко Дуња Аронија Мушмула

 

2. Коскесто овошје (подфамилија Prunoideae)

     Во оваа група на овошја спаѓаат сите плодови изградени од месес дел (мезокарп) и една ( а во редок случај и две семки) која е заштитена со коска. Тука спаѓаат: Слива (Prunus), Кајсија (Armeniaca), Праска (Persica), Црешна (Cerasus), Вишна (Cerasus) и Дрен (Cornus).

karakteristiki na praska karakteristiki na kajsija   karakteristika na cresa  karakteristiki na visna  karakteristiki na sliva
Праска Кајсија Цреша Вишња Слива

 

3. Јаткесто овошје (во разни родови)

     Во оваа група на овошја спаѓаат сите плодови кај кои за конзумација се користи семката односно јатката. Семката е заштитена од тврда лушпа. Тука спаѓаат: Лешник (Corylus), Орев (Juglans), Питом костен (Castanea), Бадем (Amugdalus), Ф’стак - фисташка (Pistacia) и други.

 karakteristika na lesnik karakteristiki na orev  karakteristika na badem   karakteritiki na kosten  karakteristiki na fistaska
Лешник Орев Бадем Костен Фисташка

 

4. Јагодесто овошје

     Во оваа група на овошја спаѓаат сите овошни видови чии плодови се изградени од поголем број плодници или од други делови на цветот или соцветието. Тие имаат сложени плодови. Тука спаѓаат: Јагода (Fragaria), Малина (Rubus), Капинка (Rubus), Рибизла (Ribes), Огрозд (Ribes), Боровинка (Vaccinium), Шип (Rosa), Актинидија (Aktinidia) и Дудинка - Моринка (Morus).

 karakteristiki na aktinidija  karakteristiki na borovinka karakteristika na kapina   karakteristiki na malina  karakteristiki na jagoda
Актинидија (киви) Боровинка Капина Малина Јагода
Get a better hosting deal with a hostgator coupon or play poker on party poker
Copyright 2011 Овоштарство во Македонија.
Joomla Templates by Wordpress themes free